| четврток, 6 декември 2018 |

Србија тагува – две репрезентативки загинаа во тешка сообраќајна несреќа!

Во тешка сообраќајна несреќа која се случи во Србија, кај местото Ковачица загинаа две државни шампионки во бодибилдинг.

Во несреќата загинаа Бранислава Јовановиќ (48) и Милица Беслаќ (16) шампионки на Србија во бодибилдинг, мајката на Милица Беслаќ, а нејзиниот татко е тешко повреден.

Несреќата се случила кога натпреварувачките се враќале од Светското првенство во Романија.

До трагедијата дошло кога се судриле автомобил марка „волксфаген бора“ од Сомбор и камион „МАН“ со регистраски таблички на Нови Пазар.

Бранислава Јовановиќ е најдобрата и најпознатата српска бодибилдерка, а на шампионатот во Романија го освои четвртото место. Била повеќекратна балканска шампионка во физик категоријата.

Милица Беслаќ во 2015 година била прогласена за најдобар млад спортист на Апатин. Била балканска шампионка за натпреварувачки до 16 години. Пре две недели станала и шампионка на Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top