Руско – француската копродукција по сценарио на Олег Негин, а во режија на Андеј Звијагинстев „Без љубов“ вечерва ќе биде прикажана на „Синедејс“ во 20 часот во скопското кино „Милениум“.
„Без љубов“, е приказна за Жења и Борис кои поминуваат низ пеколен развод исполнет со презир, фрустрација и обвинувања. Отпочнувајќи нови животи, секој со нов партнер, нестрпливи се да започнат одново, да свртат нов лист, дури и по цена на закани за напуштање на нивниот 12-годишен син, Аљоша. Но, по една од нивните расправии, Аљоша исчезнува…
Во 22 часот во „Милениум“ е филмот „Гледај и чуди се: Соништа за поврзан свет“. Режисерот Вернер Херцог ги истражува минатото, сегашноста и иднината на Интернетот и како тој влијае врз човековата интеракција и модерното општество.
Во кино „Фросина“ во 19 часот е филмот „Свет воздух“. Адам е Арап христијанин, кој живее во Назарет – член на малцинство што исчезнува во малцинство во Светата Земја и Блискиот Исток. Неговата сопруга Ламија е силна, убава и прогресивна арапска жена, која води организација за права на жените. Кога Адам ќе чуе дека Ламија е бремена и неговиот татко ќе падне тешко болен, тој прави проценка на сопствениот живот и сфаќа дека нема постигнато многу. И покрај сите пропаднати идеи за бизнис досега, решава да се обиде уште еден, последен пат и овој пат да направи нешто навистина големо. А постои ли нешто подобро за продавање во Светата Земја од самиот воздух?
Во кино „Фросина“ во 21 часот ќе биде прикажан филмот „Зора“.
Лета веќе неколку месеци не може да ја плати киријата. Кога неа и нејзиниот едногодишен син ќе ги исфрлат од станот, се вселуваат кај Софи, стара жена врзана за кревет, чијашто ќерка ја вработува Лета како негувателка. Со цел да ја зачува својата работа и покривот над глава, Лета мора да ја одржи Софи во живот по секоја цена.
Во џебно киното кино во МКЦ во 20 часот е филмот „Еден куп уметност“, а два часа подоцна во 22 часот е „Круг“.
Вечерашната програма на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој ќе трае до 19 ноември завршува со целовечерен концерт на популарниот бенд „ЧкЧкЧк“ , на кој ќе го промовираат својот нов албум „Shake The Shudder”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со долгоочекуваната премиера на филмот „Еј“ се затвора годинешното издание на „Синедејс“
-
На „Синедејс“ првпат ќе се одржи Форум на претставници од 12 филмски фестивали во Македонија
-
Вечерва на „Сиендејс“ последниот филм на Даниел Деј Луис
-
Женскиот младински хор при МКЦ одржа бесплатен џез концерт во рамки на „Синедејс“