Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ вчера ги исече дрвјата во паркот кај поликлиниката во Чаир во Скопје, а од Кабинетот на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов наводно не знаеле за оваа сеча.
Граѓаните кои живеат во околните згради бараат објаснување од Град Скопје зошто е исечен пола парк, кога Скопје се соочува во висока загаденост на воздухот.
Од ЈП„Паркови и зеленило“ велат дека ги исекле дрвата бидејќи се работело за тополи кои биле опасни.
Се наметнува прашањето што работи Шилегов, кога божем не знае што му се случува во градот. Тој и СДСМ претходно ги критикуваа сите сечи низ градот, обвинувајќи го претходниот градоначалник дека не му е грижа за воздухот и граѓаните. Сега новиот градоначалник ниту нешто работи, ниту е информиран, ниту пак го интересира што сечењето на дрвјата ќе придонесе за зголемување на и онака загадениот воздух.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Град Скопје: Акцијата за сечење суви дрвја во Карпош следеше по барање на жителите
-
Помагало кое ќе посакате да го имате летово: Како се сече лубеница за две секунди
-
Принцезата Дајана сакала да си ги пресече вените два дена по венчавката
-
„Центар сака да дише“: Жерновски исече дрва стари 30 години за профит