Вистинска драма се одвивала на скопските Клиники кога завчера љубоморен сопруг нападна лекар од Клиниката за Токсикологија.
48-годишниот доктор со иницијали Н.З. од кумановското село Слупчане бил пресретнат пред влезот на Клинички центар и два пати бил прободен во стомакот и во грбот, поради лична пресметка. Тој бил во љубовна врска со медицинска сестра од истата клиника, а напаѓачот бил нејзин сопруг.
Според податоците на Алфа, лекарот бил итно опериран, по што е задржан во болницата, а наскоро ќе биде на домашно лекување.
Министерството за здравство и Лекарската комора го осудија нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.