Во своето прво поопширно интервју, Џејмс Макартни говори за предностите и тешкотиите во животот на едно од најпознатите и најбогатите семејства на светот.
– Природно сум повлечен поради начинот на кој сум воспитуван, но ги разбирам луѓето кои се љубопитни за тоа кој сум, ја почнува Џејмс (35) приказната за својот живот во кој го споменува ужасниот брак на својот татко со Хедер Милс, болката по загубата на мајката Линда и како поголемиот дел од своите дваесетти години ги поминал во бунило поради консумирање дрога. Тоа на крајот го довело до центар за рехабилитација и расправии со татко му.
Иако свири гитара од детството, Џејмс неодамна се одлучил да тргне по стапките на својот татко во светот на музиката, а тоа го нарече возбудливо и стресно патување.
– Тешко е да се работи што било по „Битлси“, дури и Пол тоа го почувствува кога тргна на турнеја со „Вингси“. Јас затоа во сето ова влегов мошне тивко, прво користејќи псевдоним – објаснува Џејмс. Чекав да соберам добри песни, да стекнам искуство како музичар, да бидам подготвен. Но, не сакав да седам, туку да ги заработам своите пари…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.