Пол Макартни, поранешниот член на познатата ливерпулска четворка „Битлси“, според сопственото признание, бил депресивен по распадот на бендот и размислувал да се повлече од музиката.
Разделбата не била лесна за членовите популарната група.
– Беше тешко да се знае што да се работи после „Битлси“. Како да се продолжи после тоа – рече Пол Макартни.
Групата официјално се раздели во 1970 година со објавувањето на песната „Let it Be“, но несогласувањата меѓу нив почнале една година порано кога Ален Клајн стана менаџер на бендот на што Пол Макартни се противел.
Познатиот бенд од Ливерпул чии членови беа Џон Ленон, Пол Макартни, Ринго Стар и Џорџ Харисон и кои предизвикаа револуција во светот на рок и поп музиката, комерцијално се најпопуларен бенд во светот во текот на неколку години работа (1962-1970). Тие останаа многу популарни и по распадот на групата.
„Битлси“ имаат објавено 12 албуми меѓу кои еден двоен, 12 макси сингла и 22 сингла во Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пол Макартни ја откажа турнејата поради болест
-
Пет децении откако свиреше на покривот на зграда во Ливерпул со „Битлси“,Пол Макартни го запре сообраќајот на Булеварот Холивуд
-
Прво интервју на синот на Пол Макартни: кавгите со татко му, годините изгубени поради дрога, ноќта кога починала мајка му (видео)