| четврток, 6 декември 2018 |

Жителите на Аеродром барат одговорност: Сака ли Златко Марин со парите на граѓаните да си ја плати својата изборна кампања?

Златко Марин со сите сили се обидува да склучи договор со маркетинг агенцијата „Рејтинг“ сопственост на синот на Ѓорги Спасов, иако општината има оделение за односи со јавност и луѓе стручни да ги извршуваат секојдневните обврски како што тоа го правеле 10-тина години наназад, пишува на Фесбук страната „Аеродром во моето срце“.

Сака ли Златко Марин со парите на граѓаните да си ја плати својата изборна кампања и да ги врати долговите кон Спасов. Никогаш порано општината нема трошено средства за реклами и маркетинг агенции. Да знае Златко Марин дека аеродромци нема да дозволат уште на старт да ги дели парите на општината по своите партиски војници. Ќе има одговорност, памет во глава, потсетуваат жителите на Аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top