| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантни детали од разводот на Ана и Раста – еве за што долго се молчеше!

Она што последниве денови ја разбранува јавноста е разводот на Ана и Раста. И додека и двајцата јавно преку социјалните мрежи обелоденија дека на нивниот брак му дојде крајот, па се пишуваше дека се смириле, екипата на Блиц, реши да ја дознае вистината од нивните пријатели и соседи.

Она што прво го дознале е дека Ана е во лоша психичка состојба, дека ова го доживеала како личен пораз и дека и е неизмерно жал што нејзината ќерка Тара ќе расте без татко.

-Ана после породувањето западна во постпородилна депресија и само што сите помислија дека ќе се извлече од неа, на неа и се случи овој хаос.Таа има и свој психотерапевт кој и помага да се извлече, но за тоа ќе би биде потребно многу повеќе време отколку што мислеше. Бидејќи ја дои Тара, не може да пие лекови, па со денови е тажна и плаче, иако е сигурна дека со Раста нема иднина. Мајка и и брат и цело време се со неа, а околу домашните работи се грижат домашните помошнички-рекол извор близок на пејачката.

Според зборовите на соседите, Ана веќе со денови не излегува надвор, додека мајка и и помошничките и купуваат се што и треба. Соседот кој со нив е на ист спрат вели дека сите во зградата го очекувале нивниот развод.

-Тие не се сложуваа ни пред бракот, а кога дојде детето стана неиздржливо. Балконската врата им е често отворена, како и прозорците, па нивните караници можеа да се слушнат секојдневно. Тие не бираат зборови кога се караат, а неретко летаа и предмети по дома. Последниот месец се препираа околу тоа зошто тој во таква состојба доаѓа дома и зошто пуши во купатало место на балкон. Со своето викање често го расплакуваа бебето, што Ана дополнително ја вадеше од такт, па почнуваше хистерично да плаче-истакнал соседот, кој не сакал да се претстави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top