| четврток, 6 декември 2018 |

Скопскиот аеродром да го носи името Киро Глигоров

Дипломатскиот клуб – Скопје дава поддршка Скопскиот меѓународен аеродром да го носи името на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров.

– Нагласуваме дека од Скопскиот аеродром отпочнуваа и на него завршуваа бројните „походи“ на претседателот Глигоров во светот, неговите патувања посветени на мирот и пријателството, а за меѓународно етаблирање на македонската држава. Во негово присуство овде, прв пат, во практика се воведени протоколарните манифестации како што се веење на државното знаме, интонирање на химната, постројување на почесната гарда, со кои пред светот Република Македонија се претстави како самостојна и независна држава. Од овој аеродром полетаа и првите авиони со македонски државни ознаки, се наведува во соопштението на Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб.

Клубот додава дека именувањето на скопскиот аеродром со името на претседателот Глигоров, на најдостоен начин ќе се материјализира оценката за неговата голема улога во процесот на создавањето на Македонија како современа држава – траен паметник во колективната меморија на нејзините граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top