| четврток, 6 декември 2018 |

Познати дами повисоки од своите мажи: Еден од нив носи чевли со штикла од што му е срам

Во светот на шоубизнисот има различни парови. Многумина велат дека љубовта не  знае за години, а веројатно истото може да се каже и за висината и за тежината.

Сепак, повеќето мажи имаат комплекс кога се пониски од своите сопруги, па не сакаат таа разлика во височина да се забележи. Ова се дел од паровите во кои на мажите им фалат по неколку сантиметри за да ги стигнат своите поубави половини.

Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ

Иако многу не се забележува кога таа не носи чевли со високи потпетици, сепак српската тенисерка е 2 сантиметри повисока од Бастијан.

Никол Кидман и Кит Урбан

 

Тие се во брак од 2006 година, на неколку пати се разделуваа главно заради проблемите на Кит со алкохолот, но никогаш не дојдоа до развод. Уште одамна американските медиуми пишуваа дека Кит, за посебни прилики и појавувања на црвениот тепих, носи специјално дизајнирани чевли „на штикла“ за да ја прикрие разликата во височина со неговата сопруга.

Бранислав Леќиќ и Нина Радуловиќ

Српската веќе екс-двојка беше синоним за разлика во виочина, а на прашањата кои новинарите и ги поставувале на Нина, зошто не носи штикли кога е во друштво на својот партнер, таа одговарала дека „има природна штикла во своите колена“.

Џејсон Статхам и Роузи Хантингтон

Разликата во височина помеѓу овој пар е повеќе од очигледна.

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал

Босанската пејачка е во брак со турската поп-ѕвезда Мустафа Сандал од 2008 година, а парот веќе има и два сина, Јаман и Јавуза. Емина е висока 1,78 метри, а Мустафа е нешто понизок од неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top