Милош Марјановиќ, родениот брат на уапсениот Зоран Марјановиќ, мамел преку Фејсбук девојче старо само 14 години, убедувајќи ја да му испрати свои голи фотографии!
Во преписката до која стигнал српски Информер, Милош на девојчето му признава дека има многу педофилски фотографии кои ги чува во компјутерот и ги нарекува моја колекција, односно ризница на храброста.
Сето тоа да биде пострашно, токму Милош, веднаш после апсењето на Зоран на 15 септември го доби старателство над малата Јана (6) ќерка на ѕверски убиената Јелена Марјановиќ!
Милош на сите социјални мрежи се преставувал како Алимпие Грегор Сизерен Мике. Во скандалозната преписка со девојчето која датира од 2014 година се гледа како Милош перфидно и искусно го заведува девојчето и го навлекува да му ги прати нејзините голи фотографии.
Оваа скандалозна преписка ја дал таткото на девојчето, кое Милош за малку ќе го вовлекол во педофилската мрежа. Тој е подготвен во секој момент да сведочи за автентичноста на преписката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Девојче (16) се омажи за 44-годишен маж: Сакав семејство, а тој е совршен за тоа
-
Нашата мајка имаше дилема дали да го роди: Братот на познатиот актер е игумен, а неговите зборови ќе ве расплачат!
-
После агонијата и неизвесноста, телото на загинатиот Милош стигна на Косово: Момчето денеска е погребано