| четврток, 6 декември 2018 |

Докторот од Токсикологија бил нападнат од сопруг на медицинска сестра со која бил во врска?

Доктор од Клиниката за токсикологија вчера вечер, околу 19.30 часот е прободен со нож. Како што јавија неколку домашни портали, лекарот го познавал напаѓачот и на полицијата, како лице кое го избодело со нож, и го посочил сопругот на негова колешка. Наводно, докторот бил во врска со сопругата на напаѓачот, па тоа бил мотив за нападот.

Лекарот бил нападнат пред ќебапчилница на булеварот “Мајка Тереза“ во Скопје и во моментов е надвор од животна опасност.

Полицијата го потврди случајот и информира дека вчера околу 19:50 часот во полиција е пријавено дека на Ургантниот центар е донесено повредено лице со остар предмет. Напаѓачот е 48-годишниот Н.З. од Слупчане, кумановско.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top