| четврток, 6 декември 2018 |

Сакаме вода од чешма, а не сакаме да ја плаќаме?!

vodaДодека Италијаните, Французите и Германците трошат во просек по 2 евра дневно за пиење вода, просечно македонско семјество плаќа околу 600 денари месечно за истата намена. Некои анализи покажуваат дека домашните сметки се плаќаат по одреден редослед, односно дека сметките за вода се плаќаат последни, а понекогаш се одложуваат и за следниот месец. Таквото одложување на плаќањето создава дополнително оптеретување на семејниот буџет, а и дополително одложување на нивното плаќање.

Непочитта кон водата прави штета врз сите нас, врз градот Скопје, врз изворот „Рашче“, врз самиот водоводен систем. Со неплаќањето на сметките, свесно го уништуваме она што природата ни го дала. За континуирано инвестирање со цел модернизирање на водоводната инфраструктура, преку постојана замена на старите азбестноцементни цевки со нови, за поставување нови водомери со вграден систем за далечинско отчитување, за навремено и квалитетно одржување на водоводниот и канализационен систем и за одржување на високиот квалитет на водата која ја пијат скопјани преку модернизација на Центарот за санитарна контрола потребно е граѓаните редовно да си подмируваат своите сметките. Постојат повеќе начини и форми на плаќање на истите: во банка, во пошта, во наплатните пунктови како и преку е-апликацијата поставена на веб-страницата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје (vodovod-skopje.com.mk) –  велат оттаму.

g_vodovod

Скопскиот водовод, секојдневно и непрекинато, повеќе од 105 години доставува квалитетна, чиста, технички исправна вода за пиење до секое домаќинство на терироријата на град Скопје.

Земајќи го во предвид фактот дека Скопје, по Виена има најчиста вода за пиење, се поставува прашањето: дали скопјани се свесни за овој благодат и дали знаат да го ценат ова богатство кое во неограничени количини доаѓа до нивните домови?

Пораката е една, за поквалитетни инвестиции во водоводниот систем, потребна е взаемна соработка меѓу граѓаните и скопски водовод. Само така правилно ќе се искористи потенцијалот на изворот Рашче и ќе се почитува она што ни го дала природата, а тоа е квалитетна, чиста и технички исправна вода за пиење.

Скопјани имаат сериозна обврска и задача, да се грижат за водата која е од животна важност за секого. Во светот водата е глобален проблем, потреба за многу држави, а се до денес не е пронајден нејзин супститут. Наша обврска е она што го добиваме од Рашче, како главен снабдувач на Скопје, совесно и на долг рок да го чуваме. Водата е единствен и уникатен дар од природата, што живот значи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top