Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа во која утрово учествувале четири автомобили на патот Битола – Прилеп. Рено Твинго, Шкода со битолски регистерски таблици, мерцедес со скопски таблици и камион МАН, со велешки регистерски таблици сите учестувавле во несреќата.
Во сообраќајката загинал 19-годишниот Т.Ѓ. од Битола, потврдил за локалниот портал Шеталиште портпаролот на СВР Битола, Лефтерија Миленковска. Во сообраќајката изгорел мерцедесот, а имало и уште неколкумина повредени лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.