| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Цетински проговоре за сообраќајката: Кога погледнав од другата страна на колата, под неа имаше човек

Тони Цетински неодамна имаше сообраќајна несреќа во која со својот автомобил прегази пешак, а за најновото издание на „Глорија“ тој раскажал како се случила несреќата.

– Иако сеуште сум во шок и тешко ми е да се присеќам на несреќата, сепак се сеќавам добро на се, но не ми е јасно како се случи, вели Тони.

Улицата во која се случила несреќата е многу тесна, па музичарот кој истиот пат го поминува секој ден, вели се движел многу бавно.

– Мора многу внимателно да се движите по таа улица, за да може да влезете помеѓу два ѕида и да свртите лево, па така постапив како и секој ден. Многу бавно како да излегувам од паркинг, се движев и веднаш по вртењето лево почуствував дека нешто се случи под мојот автомобил. Застанав се наведнав под автомобилот и немаше ништо, кога отидов од другата страна, го видов она што не го очекував – човек!, раскажува тој.

Единствено што во тој момент му текнало да направи, е да отиде до фризерницата преку улица и панично да бара да се повика Брза помош. Барал и дигалка за автомобил за да го ослободи човекот, но се било залудно. Кога пристигнала Брзата помош, тие само констатирале смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top