Поради непрописно паркирани автомобили, противпожарните возила имале проблем да стасаат до местото на кое требало да застанат за да интервенираат во пожарот кој утрово избувна на Градежниот факултет во Скопје. Според очевидци на местото на настанот, пожарникарите морале да ги чекаат возачите на непрописно паркираните возила кои го блокирале и влезот, за да можат да го гаснат големиот пожар, јавува Мкд.мк.
На терен се десет противпожарни возила, потврдуваат од противпожарната едниница. Од таму велат дека пожарот е ставен под контрола, но екипите сѐ уште интервенираат.
Според првичните информации огнот избувнал на горните катови во објектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.