Пожарот што избувна изутрината на Градежниот факултет во Скопје е локализиран, но се уште се работи на негово целосно гаснење, изјавил за МИА командатот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Ѕвонко Томевски.
Се проверуваат и се расчистуваат просториите на вториот кат од факултетот зафатени од пожарот. Засега нема информации за причините за пожарот, за повредени и за материјална штета.
(Фото- МИА)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.