| четврток, 6 декември 2018 |

Се ќе поскапе-повисоката акциза на нафтата ќе ги зголеми животните трошоци!

Поранешниот министер за финансии и професор на економскиот факултет д-р Трајко Славески кој гостуваше во емисија на МТВ, посочи дека Владата избрала многу несреќен период за покачување на акцизата на нафтата и дериватите бидејќи цената на светските берзи расте.

– Покачувањето на акцизата доаѓа во еден несреќен тајминг. Кога е проектирана оваа мерка, цената на нафтата беше околу 50 долари, а сега веќе достигнува 60 долари и расте како резултат на светските тензии – посочи професор Славески.

Славески потсети дека пред 5 години, кога цената на нафтата на светските берзи растеше, тогаш опозициската СДСМ бараше намалување на акцизата на нафтата, која беше на пониско ниво од ова кое го најавува сегашната влада на СДСМ.

Премиерот Зоран Заев истакна дека зголемувањето на акцизата е потребно за да инвестираат во градинки,училишта, за да се субвенционира радиодифузна такса,за фондот за пензиско и за низа други буџетски потреби. Тој и министерот за финансии Тевдовски тврдат дека покачувањето на цената на горивата нема да влијае на инфлацијата.

Согласно податоците на светските берзи, цената на суровата нафта е на највисоко ниво последните две години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top