| четврток, 6 декември 2018 |

Како велешани правеа пари со лажни вести: Борис заработил мало богатство со текстови за Трамп

Лажните вести имаа големо влијание на исходот на претседателските избори во САД, а по нивниото завршување американските и светските медиуми тргнаа во порага по нивните автори за да дознаат како всушност некој од другата страна на светот влијаеше на резултатите. Новинарите од „Wired“, како и неколку други екипи претходно, одговори побарале во Велес, од каде повеќе автори на лажни вести заработија мали богатства за време на претседателската кампања во САД.

Таму разговарале со едно момче, кое во статијата го наведуваат под името Борис, кој многу добро заработил на овој начин, преку објавување на лажни вести за претседателските кандидати, претежно за Донлад Трамп. Тој бил прв кој објавил дека Трамп му удрил шлаканица на човек од публиката бидејќи не се согласувал со него. Се разбира, веста била лажна.

Кога веста ја објавил на Фејсбук, преку своите профили само на таа социјална мрежа ја споделиле уште 800 луѓе за неполн час. Со таа вест, преку Гугл Адс, тој ги рзаработил своите први 130 евра на овој начин. Кога увидел дека преку оваа работа приходот може да биде доста голем, престанал да оди во средно училиште и почнал посеризоно и секојдневно да се им се посветува на лажните вести.

Во последните недели од американската изборна кампања Велес стана едно од местата кое се најде во центарот на вниманието на американската јавност. Светските медиуми пишуваа дека таму има регистрирани повеќе од 100 страници кои пишуваат статии, претжно во полза на Трамп, а заедничка работа им била лажните вести.

Соговорникот на „Wired“ помеѓу август и ноември 2016 година преку своите веб-страни заработил вкупно 13 800 евра. Борис сега има 19 години и вели дека еден ден сака да си замине од родниот град.

– Тука можеш да работиш во кафуле, мора да живееш со родителите, а најчесто на моите врсници има даваат џепарлак за ноќни излегувања се додека не најдат работа, неретко и кога имаат. Само неколку фабрики бараат работници, но за очајни плати, а ова со Гугл огласите не е вистинска работа, па затоа би сакал еден ден да си заминам од тука, вели тој.

Сите напишани лажни вести, според него, не биле пишувани заради желбата да му се помогне на било кој кандидат, туку мотивацијата била само и единствено парите. Тој случајно се запознал со еден негов сограѓанин кој заработувал на овој начин, па и самиот се пуштил во таа работа. Најпрво објавувал вести за здравје и исхрана, но кога видел колку повеќе луѓето ги интересираат вестите поврзани со претседателските кандидат, ја променил својата содржина.

 

– Навечер пишував по неколку текстови за Трамп, а наутро ги објавував и ги споделував на Фејсбук. За неколку часа се враќав дома за да барам нови вести. Иако се работи за лажни вести, воопшто не е лесно, додава Борис.

Откако бил објавен скандалот за лажните вести, на 24 ноември 2016 години, Гугл ги блокирал сите огласи на неговите страни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top