| четврток, 6 декември 2018 |

И викаше „диши, диши“, а нам да повикаме Брза помош-Кеба удри девојка на пешачки

Пејачот Драган Којиќ Кеба синоќа на Нов Белград, со својот автомобил „ауди А6“ удрил девојка А.Ѓ.(18) на обележан пешачки премин. Тој со автомобилот налетал на девојката, која со потешки пореди на главата е превезена во Ургентиот центар.

Како што раскажал очевидец за „Ало“, Кеба се обидел да ја оживее удрената девојка, но таа не реагирала. Тој тврди дека пејачот возел со брзина поголема од дозволената.

Процедурата во вакви случаи налага возачот да се подложи на алко тест, што е и направено кога дошла полицијата. Утврдено било дека пејачот не бил во алкохолизирана состојба.

Откако дал изјава, Кеба се упатил во болницата во која била одвезена девојката.

Како што се дознава, Кеба после ударот продолжил да вози уште неколку метри, но веданш потоа се вратил и излетал од автомобилот.

-Беше многу вознемирен. И пријде на девојката, клекна крај неа и ја фати за рака. Таа беше свесна, но не се помрднуваше. Беше во шок, а не можеше да се види колку е повредена. Кеба викаше „диши, диши“, а нам ни довикна веднаш да побараме Брза помош-рекол еден од очевидците.

Како што се дознава, Кеба на полицјата и рекол дека мислел дека девојката побрзо ќе го помине пешачкиот премин.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top