Србија доби на подарок три блиндирани автомобили Мерцедес ГЛ-500 од принцот претстолонаследник на Обединетите Арапски Емирати шек Мохамед бин Заед, соопшти Министерството за одбрана на Србија. Подарените автомобили чинат околу три милиони евра. Автомобилите ќе бидат на располагање на државните органи за превоз на странски гости за кои е потребен повисок степен на заштита.
Шеик Мохамед бин Заед кој се смета за еден од најбогатите луѓе во светот, беше во посета на Србија за време на која беа разгледани редица проекти за инвестиции, јавуваат белградски медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.