Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, ги собра репрезентативците во пресрет на пријателскиот натпревар со Норвешка, кој ќе се одигра в сабота од 18.30 часот во Скопје.
Ангеловски соочен со неколкуте повлекувања на играчите поради повреди, во репрезентацијата го повика 18-годишниот играч на Унтерахинг, Анес Османовски. Со неговото повикување селекторот ја продолжува праксата на екстра-талентирани фудбалери да им даде можност да ја почувствуваат атмосферата во сениорската репрезентација.
– Се соочуваме со одредени кадровски проблеми, дефинитивно поради повреди отпаднаа Никола Ѓоргев и Љупчо Дориев, имаме и ситуација со повредите на Висар Муслиу и Кире Ристески, но тие ќе бидат со нас. Ситуацијата со Несторовски е позната, го ослободивме на барање на неговиот клуб, кој во тој термин има првенствен натпревар. Поради тоа, го повикав Кире Маркоски, кој беше најдобар стрелец на младата репрезентација. Повикан е и Османовски од Унтерахинг, кој е член на репрезентацијата У18, кој покажа дека е фудбалер што има одлични квалитети, изјави Ангеловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2019
-
Пуштени во продажба билетите за натпреварите на македонските фудбалери со Норвешка и Австрија
-
Моќта на „црвената фурија“ доаѓа до израз, Диего Коста зголемува на 2-0 (видео)
-
Барди: Најважно е сите да бидеме здрави и ќе можеме да се носиме со противниците