На само девет дена до дебито на Европското првенство за фудбалери до 21 година, македонската селекција засилено се подготвува за најголемиот испит. Под будното око на Боби Милевски, фудбалерите работат напорно на скопското сонце. Плејмејкерот на Ујпешт, Енис Барди не стравува од никого, напротив смета дека само да бидат здрави нашите фудбалери имаат шанси против секој ривал.
– Важно е да сме сите здрави, работиме секојдневни и мислам дека во добра форма ќе отпатуваме во Полска. Дај Боже да продолжиме каде што застанавме минатата година. Докажавме дека можеме да играме против Франција, па зошто да не играме против Шпанија, Португалија и Србија. Само да бидеме здрави и живи, па ќе се надигруваме – смета Барди.
Македонската селекција на 12 јуни околу пладне ќе отпатува за Полска со чартер лет, а своја база ќе има во Сопот. Натпреварите од групната фаза момците на Милевски ќе ги играат во Гдиња и Бидгошч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Mаленко го лажел Поп Ацев дека ќе настапи на Европското првенство во Глазгов
-
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2019
-
Ако стигне богата понуда, Барди уште во јануари ќе го напушти Леванте
-
Ангеловски ја собра репрезентацијата, повикан и тинејџерот Османовски