| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчанка нападната во својот дом: Ја давеле за да изнудат пари од нејзиниот сопруг

Синоќа околу 22 часот во Полициска станица Битола, Н.T. (25) од Битола пријавила дека околу 20.30 часот, две лица дошле и го побарале нејзиниот сопруг А.Т. (31), при што по кратка расправија, заради наводни нерасчистени должничко-доверителски односи физички ги нападнале двајцата.

Едниот од напаѓачите ја фатиле Н.Т. за вратот и почнал да ја дави, додека другото лице физички го нападнало нејзиниот сопруг.

Во текот на настанот од Н.Т. одзеле 3 000 денари и со возило го напуштиле местото на настанот. За време на настанот, А.Т. удрил со рака во стакло при што се здобил со телесна повреда. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top