| четврток, 6 декември 2018 |

Од подрум во Кавадарци украдени 30 тегли ајвар

Кражба на триесет тегли ајвар од подрум во Кавадарци била пријавена во кавадаречката полициска станица.

Сезонава се пријавени и 20 кражби на грозје, потврдуваат од полициската станица од општа надлежност Кавадарци.

Во неколку кражби станувало збор за украдено веќе набрано грозје од нивите кое стоело во вреќи по редовите, а во повеќето од случаите крадците сами си береле туѓо производство тешко од 150 до две илјади килограми.

Во ПС ОН Кавадарци исто така има пријавено три кражби на пиперки и два случаи на оштетен насад од пиперки од страна на домашни животни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top