| четврток, 6 декември 2018 |

Обезбедување не го позна Надал на мастерсот во Париз, Шпанецот беше принуден да се претстави (Видео)

Рафаел Надал доживеа интересен момент на мастерсот во Париз, обезбедувањето не го пушти Шпанецот да влезе во тренинг комплексот бидејќи не го препозна.

Рафаел Надал е еден од најуспешните тенисери во историјата, има 10 титули на Ролан Гарос, но оредени луѓе се уште не знаат кој е Шпанецот. Еден од нив испадна дека работи како обезбедување на мастерсот во Париз.

Камерите на Канал+Спорт уловија еден интересен момент додека го следа тенисерот на пат кон тренинг.

Пред да влезе во тренинг центарот, Рафа Надал беше пречекан од обезбедувањето кое не го пушти и му побара легитимација.

Шпанецот објасни дека не ја носи, а потоа следеше ново прашање, „Кој си ти?“.

„Рафаел Надал“ – гласеше одговорот, по кој човекот од обезбедувањето брзо воочи каква грешка направил и го пушти тенисерот да замине на тренинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top