И во Република Македонија во напредна фаза е спроведување на проект, од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Претседателот на оваа институција вели дека во план е реализација на ваков проект кој во првата фаза ќе има само едукативна улога, согласно надлежностите на институцијата.
Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата на својата последна седница донесе одлука за реализација на Проект за следење на состојбата на патиштата со помош на камери. Следејќи ја европската пракса решивме ваков пилот-проект да реализираме и во Македонија, потенцираше Стаменковски.
-Проектот има за цел да ги утврди и следи најчестите грешки кои ги прават учесниците во сообраќајот, а истовремено да утврди колку често тие се случуваат, кои се причините за ваквите грешки и како тие влијаат на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Тој ќе биде поделен во две фази. Во моментов се изготвува анализа за тоа како ќе се реализира проектот. Според нашите очекувања првата фаза ќе започне со реализација до крајот на оваа година, а втората на почетокот на 2018 година. Очекуваме до почетокот на идното лето проектот да биде комплетно функционален и да ги лови грешките на учесниците во сообраќајот и истовремено да ги едуцира сите учесници во сообраќајот.
Ова е веќе прифатена пракса насекаде во светот, а особено во Европа. Во оваа фаза проектот ќе има само едукативна цел, а со тоа уште еднаш ќе ги потврдиме заложбите на РСБСП да се реализираат проекти кои имаат едукативна и превентивна цел кои се е многу важен сегмент во процесот на градење и подигнување на сообраќајната култура.
извор: vrabotuvanje.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.