Сосетката на несреќниот маж кој загина под тркалата на Тони Цетински раскажа се за неговиот живот. Брацо, како што го викале го изгубил синот во сообраќајна несреќа.
-Го нема повеќе нашиот Ибрахим. Браце или Баје како што сите го викавме нагалено. Сакаше да се напие, но навистина беше добар човек и сосед. Сите кои го познаваа ги застануваше и разговараше со нив на улиците на Ровињ, ја почнува приказната состката Ружа Ковачевиќ.
-Последното кафе го испивме кај мене пред два дена и се смеевме на секојдневните шеги. Боже мој, каква трагедија! Уште повеќе што пред неколку години кај Ровињско Село загина неговиот син. Оттогаш Брацо многу повеќе пиеше бидејќи не можеше да се носи со болката, раксажа Ружа.
Тони Цетински во Пуста улица во Ровињ во петокот, околу 14 часот налетал со автомобилот на И.К кој настрадал на лице место. По увидот полицијата утврдила дека Цетински при влегување во остра и непредвидлива кривина со „мерцедесот“ го прегазил И.К.
Сеуште не е познато дали смртта е последица од сообраќајната несреќа или од нешто друго, бидејќи наводно И.К. лежел на патот во моментот кога Цетински налетал со автомобилот. Полицијата не дава повеќе информации. Велат дека се ќе се знае по обдукцијата.
Брацо имал уште еден син кој работи во странство, но и тој е во болница каде се опоравува од тешка операција на срцето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.