| четврток, 6 декември 2018 |

Биткоин ја надмина вредноста од 7.000 долари

Од почетокот на годината вредноста на најпознатата криптовалута се зголеми за повеќе од 7 пати. Само во текот на изминатата недела вредноста се зголеми и повеќе од двојно.

Вчера на пазарот Bitstamp во Луксембург биткоин достигна вредност од дури 7.066,44 долари.

Најновиот раст на вредноста го поттикна веста дека најголемиот оператор на пазарот со финансиски деривати во светот, CME Group, се подготвува да воведе термински договори во биткоин. Ако се земе предвид најновиот скок на вредноста, агрегатната вредност; односно неговата цена помножена со бројот на биткоин во оптек надмина 117 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top