Се активираше црвениот аларм на инструментите кои го мерат загадувањето во главниот град.
Иако на почеток од грејната сезона, загаденоста на амбиенаталниот воздух во Скопје секој ден расте. Највисоки вредности достигнуваат ПМ честичките чиј извор се индустријата, печките на тврдо гориво и прашина.
Мерните инструменти на Министерството за животна средина во изминатите неколку денови регистирале вредности неколку пати над максимално дозволените. Најзигрижувачка вредност имаат ПМ 10 честичките.
6-те мерни станици кои го следат амбиенталниот воздух во Скопје, постојано регистрираат висока загаденост со ПМ 10 честички. Во ноќните часови, вредноста достигнува и над 200 микрограми на метар кубен.
Инаку според мерењата на Министерството за животна средина, најголема загаденост на воздухот во континуитет има во населбата Лисиче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.