| четврток, 6 декември 2018 |

Рама ги смени сите префекти во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама доцна попладнево ги разреши сите 12 префекти, колку што префектури функционираат во државата. Она што посебно паѓа во очи е тоа што на нивно место се поставени поранешни армиски старешини, коментираат локалните медиуми. За првпат има и префект жена. Тоа е Сузана Јанолари,инаку прва жена поручник.Таа ќе раководи со префектурата Тирана.

За разлика од градоначалниците кои се избираат на непосредни избори префектите ги именува Владата. Рама смените ги оцени како неопходни за спроведување на реформите и борбата против канабисот. Неговиот противник, лидерот на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша во реакција рече дека Рама тоа го прави за да го сврти вниманието од „скандалот на нарко државата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top