| четврток, 6 декември 2018 |

Среќо мајкина-пораката на Маја Оџаклиевска, чиј внук се бори со аутизмот, насолзи многу очи

Пред неколку месеци познатата пејачка, Маја Оџаклиевска јавно проговори за болеста со која се соочил нејзиниот внук. Лука, кој има седум години, боледува од аутизмот.

-Пред две години ги изговараше првите зборови кои ги изговара дете:мама, тато, баба. Сега веќе не зборува. Тој веќе пет години молчи. Всушност пее и изговара на некои слогови, но тоа е се.Инаку се разбира-изјавила тогаш Маја.

Денеска пејачката, пред се горда на својата ќерка, сподели фотографија и порака на социјалните мрежи.

-На денешен ден пред 33 години, ја родив својата прва принцеза. Среќо мајкина, ти посакувам ветер од животот, будни сништа, небо самодоверба, волшебни моменти и дамари на душата со Лука. Неизмерно те сакам-напишала Маја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top