| четврток, 6 декември 2018 |

Холивуд во хаос-и Дастин Хофман обвинет за сексуално вознемирување

Писателката Ана Грем Хантер тврди дека актерот Дастин Хофман, кој денеска има 80 години, ја пипкал за интимните делови од телото за време на снимањето на филмот „Смртта на еден продавач“ и со неа зборувал несоодветно за секс со неа.

-Тој на мојот прв ден на сетот ме замоли да му ги измасирам нозете, што и го сторив- пишува Хантер во текст за „Холивуд репортер“.

-Дастин отворено флертуваше и ме фати за задникот, постојано зборуваше за секс со мене. Едно утро отидов во неговата гардероба да го земам својот појадок, ме погледна и се насмевна. Потоа рече: ‘Имам цврсто варено јајце… и меко варен клиторис’. Останав без зборови. Потоа отидов во бањата и се изнаплакав- пишува во текстот Хантер.

Хантер детално го опишала третманот на Хофман кон неа во текот на пет недели, додека била на снимањето, во дневник кој ѝ го пратила на сестра ѝ.

Таа тврди дека од страна на претпоставениот ѝ било кажано да го поправи своето однесување. Тој ѝ рекол да „жртвува“ некои од своите вредности за доброто на филмот.

-Сега, кога имам 49 години, разбирам што направи Дастин Хофман бидејќи така се чувствуваат жените во Холивуд и насекаде- пишува таа навраќајќи се наназад.

-Тој беше предатор, јас бев дете, а тоа беше сексуално вознемирување-додала таа.

Хофман на написот во „Холивуд репортер“ одговори со извинување: Јас имам најголема почит кон жените и се чувствувам ужасно што некоја моја постапка ставила некого во непријатна ситуација. Жал ми е. Овие постапки не се одраз на тоа кој сум јас- напиша Хофман во извинувањето.

Приказната доаѓа по наплив на слични приказни за сексуално вознемирување во Холивуд против продуцентот Харви Вајнштајн, филмскиот продуцент Џејмс Тобак и актерот Кевин Спејси. Денес, исто така, шест жени го обвинуваат режисерот Брет Ратнер за сексуално вознемирување, меѓу кои и актерите Наташа Хенстриџ и Оливија Мун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top