| четврток, 6 декември 2018 |

Дали Путин го украде прстенот на освојувачот на „Супербоул“?!

XXX KRAFTS RING  SD 1746.JPG S RUS-Го симнав прстенот и му го покажав на Путин. Тој го стави и рече „би можел некого да убијам со овој прстен“. Тогаш ја испружив раката, но тој својата ја стави во џеб. По ова тројца агенти на КГБ застанаа околу него -тврди освојувачот на „Супербоул“, Роберто Крафт, сопственик на „Њу Ингланд патриотс“. Наводно кражбата се случила во текот на посетата на Крафт во Санкт Петербург во 2005 година.

Рускиот претседател Владимир Путин демантираше дека го украл трофејниот прстен кој му припаѓа на Крафт, сопственикот на „Њу Ингланд патриотс“. Неговиот портпарол Дмитри Песков вели дека се е лага.

– Ова што го зборува Крафт е лага. Стоев на само 20 сантиметри од нив и слушав и видов кога му го даде прстенот на Путин како подарок – тврди Песков, кој посочува дека прстенот сега се наоѓа во библиотека во Кремљ, каде што се чуваат и останати официјални подароци.

Откако Крафт се вратил и побарал да му се врати прстенот, Белата куќа од него побарала да каже дека станува збор за подарок, за да се избегне дипломатски скандал со Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top