| четврток, 6 декември 2018 |

„Дуинг бизнис“ ги потврди исправните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија 5-та во Европа и 11-та во светот

Политичката нестабилност, сепак, делуваше на рангирањето на Македонија. Проценките велат дека доколку имавме година на просперитет и стимулативно-активни мерки во економијата, рангирањето за Македонија ќе беше подобро од претходната година

Македонија е рангирана на 11-то место во најновиот извештај на „Дуинг бизнис“, врз основа на податоци добиени за периодот од ноември 2016 година до мај 2017 година, кога беа предадени последните документи со нови или подобрени реформи од страна на државните институции.

Во новиот извештај Македонија е рангирана на 11-та позиција во светот од вкупно 190 рангирани економии, со вкупно 81.18 бодови. Во претходниот извештај Македонија беше рангирана на 10-та позиција со вкупно 81.74 поени. Во новиот извештај Македонија останува на 5-то место во Европа, веднаш зад Данска, Обединето Кралство, Норвешка и Шведска.

Во топ 20 на новиот извештај 18 држви се со високоразвиени економии, кои се едни од најнапредните држави во светот и 2 (две) средно развиени држави – Грузија и Македонија.
Овој резултат ги потврдува реформите и политиките што ги спроведувала владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2006 до 2017 година. Во 2007 Македонија беше на 92. место во Извештајот за водење бизнис за 2007 година, објавн во октомври 2006 година. За 11 години Македонија се искачи на 11. место во Извештајот за 2018 година.
Малку држави во светот успеале да направат талку големо продвижување. Светска банка во своите извештаи ја класифицираше Македонија како топ реформатор.
За да се задржи растечкиот тренд, потребно е новата влада да продолжи со стимулативно-активни мерки кои ги поедноставуваат, поевтинуваат и забрзуваат процедурите, и промовираат стабилна бизнис околина со ниски даноци.

Македонија вложи голем напор да остане во топ 20-те земји на ранг-листата на Светската банка. Во период на политичка нестабилност, со делумно блокирани институции, Македонија успеа да ги промовира реформите кои позитивно делуваат на бизнис секторот. Во изминативе 12 месеци, Македонија стави акцент на подобрување на веќе донесените реформи и нивно унапредување.

Политичката нестабилност, сепак, делуваше на рангирањето на Македонија. Проценките велат дека доколку имавме година на просперитет и стимулативно-активни мерки во економијата, рангирањето за Македонија ќе беше подобро од претходната година.

Целокупниот извештај и одличното рангирање на Македонија ги потврдија успешноста и одржливоста на досегашните реформи и политики, па и во политички нестабилна околина. Со овој извештај се докажува дека македонската економија и воопшто бизнис секторот се поставени на здрави и стабилни фундаменти. Потребно е истите тие фундаменти да се одржуваат здрави и стабилни и во иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top