Македонија е рангирана на 11-то место во најновиот извештај на „Дуинг бизнис“, врз основа на податоци добиени за периодот од ноември 2016 година до мај 2017 година, кога беа предадени последните документи со нови или подобрени реформи од страна на државните институции.
Во новиот извештај Македонија е рангирана на 11-та позиција во светот од вкупно 190 рангирани економии, со вкупно 81.18 бодови. Во претходниот извештај Македонија беше рангирана на 10-та позиција со вкупно 81.74 поени. Во новиот извештај Македонија останува на 5-то место во Европа, веднаш зад Данска, Обединето Кралство, Норвешка и Шведска.
Македонија вложи голем напор да остане во топ 20-те земји на ранг-листата на Светската банка. Во период на политичка нестабилност, со делумно блокирани институции, Македонија успеа да ги промовира реформите кои позитивно делуваат на бизнис секторот. Во изминативе 12 месеци, Македонија стави акцент на подобрување на веќе донесените реформи и нивно унапредување.
Политичката нестабилност, сепак, делуваше на рангирањето на Македонија. Проценките велат дека доколку имавме година на просперитет и стимулативно-активни мерки во економијата, рангирањето за Македонија ќе беше подобро од претходната година.
Целокупниот извештај и одличното рангирање на Македонија ги потврдија успешноста и одржливоста на досегашните реформи и политики, па и во политички нестабилна околина. Со овој извештај се докажува дека македонската економија и воопшто бизнис секторот се поставени на здрави и стабилни фундаменти. Потребно е истите тие фундаменти да се одржуваат здрави и стабилни и во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст