Министер актуелната влада, кој е одговорен за безбедноста во државата, денеска се наоѓа во Пробиштип.
На денот на предизборен молк, министерот со сигурност нема службен настан во функција на министер. Затоа се отвора основан простор за сомнеж, дека тој е отиден со цел да агитира за вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат утре.
Изминатиов период на виделина излегоа поголем број на случаи во кои јасно се гледа дека истиот министер ги ставил безбедносните структури во земјата во служба на неговата партија за време на кампањата. Денешната негова посета на Пробиштип е доста сомнителна.
Дали тој го крши предизборниот молк злоупотребувајќи ја својата функција за да присилува граѓани да гласаат за кандидатот на неговата партија?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.