| четврток, 6 декември 2018 |

Хејли: Ако Трамп ми понуди да бидам државен секретар на САД – ќе го одбијам

Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли изјави денеска дека не би ја преземала функцијата државен секретар доколку и биде понудено од претседателот на САД, Доналд Трамп.

– Не би прифатила. Сакам да бидам таму каде што сум поефикасна. Откако сум избрана луѓето зборуваат за тоа што се обидувам да направам или што треба да направам. Она што се обидувам е всушност да ја работам добро својата работа, истакна Хејли за Си-Ен-Ен.

Минатиот месец Хејли беше во центарот на шпекулациите за смените во тимот на Трамп, а во врска со наводите за тензии меѓу американскиот претседател и државниот секретар Рекс Тилерсон.

Исто така, медиумите пишуваа и дека Хејли се повеќе е присутна во различни меѓународни теми, додека Тилерсон е „невидлив“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top