| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобриот природен лек против забоболка

Забоболката спаѓа меѓу една од најтешките болки што човекот едвај ги издржува. Додека да стасате до вашиот стоматолог, ви го предлагаме овој природен лек кој сигурно го има секое домаќинство во својата кујна: каранфилче.

Кога некој ќе го спомене каранфилчето, веднаш се јавуваат асоциации во главата како на пример, црно варено вино. Некои го користат како додаток на јадењата, особено на ориенталните јадења.

Но, каранфилчето има антивоспалително дејство, па може да помогне да се ослободите од забоболката за кратко време.

Наједноставниот потег е да стиснете едно цело каранфилче меѓу здравите заби, претходно натопено од плувачката. На тој начин од каранфилчето ќе се испуштат неговите состојки кои ќе делуваат противвоспалително. Држете го каранфилчето најмалку половина час за да го натопите со вашата плувачка, а кога целосно ќе го искористите, фрлето го и заменете го со ново.

Доколку каранфилчето ви создава непријатно чувство во устата, тогаш можете неколку каранфилчиња да ги врзете во газа и да направите мала кесичка. Здробете ги каранфилчињата со чекан за месо. Навлажнете ја газата и ставете ја како облога на болното место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top