| четврток, 6 декември 2018 |

Драган Спасов Дац: „Госпоѓа минисерка” наскоро повторно на сцената на МНТ

Претставата „Госпоѓа Министерка“ на Бранислав Нушиќ, а во режија на Наташа Поплавска наскоро повторно ќе се игра на сцената на МНТ, најави Драган Спасов Дац, директор на националниот театар.

Тој се огласи на социјалните мрежи откако актерката Весна Петрушевска, која ја толкува главната улога во претставата реагираше дека претставата е симната од репертоарот на МНТ.

– По изјавата на мојата драга колешка Весна Петрушевска, дека нејзината претстава “Госпоѓа министерка” е симната од репертоар, сакам да изјавам дека истата не е симната од репертоар! Претставата која беше во приватна продукција а пред некое време Весна изјави дека ја подарува на МНТ, ќе се игра!  Во моментов МНТ има многу нови и квалитетни претстави кои мораат да имаат приоритет и се спремаат три нови претстави од кои едната е „Мама миа”, мјузикл кој бара многу простор и време – вели Дац.

Според директорот на МНТ Претставата „Госпоѓа минисерка” има своја публика и наскоро гледачите ќе можат да ја видат повторно.

– Во таа претстава се чувствува замор и ќе предложам да се среди сценографијата, костимите и да се направат неколку проби за истата да го добие првичниот сјај од премиерата.
Некои злобници помислија дека јас имам нешто против мојата колешка Весна, па нив ќе им одговорам. Во моментов Петрушевска подготува нова претстава во МНТ со нејзината приватна продукција. МНТ и јас и дадовме поддршка и гледачите наскоро ќе можат да ја видат на големата сцена – рече Драган Спасов Дац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top