| четврток, 6 декември 2018 |

Потресна исповед на Сузана Манчиќ: Загубив три бебиња

Во интервју за еден српски медиум, водителката и пејачка Сузана Манчиќ откри болни мигови од своето минато.

– Првото бебе го изгубив уште на почетокот, во третиот месец од бременоста. Тогаш констатираа дека имам двојна матка. Кога забременив вторпат, во вториот месец доживеав компликации и докторот изврши киретажа. По три ноќи се разбудив во локва крв. Ме фати паника дека ќе умрам. Тоа беше агонија. Бев во странство и докторот кај кој ме однесоа ме праша дали сум ја прекинала бременоста. Му дадов потврден одговор, но тој тогаш го сврте екранот кон мене и ми покажа плод, а јас скокнав од стол и солзи ми потекоа. Сум имала близнаци, и едниот плод ја преживеал киретажата – открила Сузана, додавајќи:

– За жал, детето го изгубив во четвртиот месец од бременоста во Белград, во страшни маки. Последното бебе го изгубив во шестиот месец од бременоста. Тогаш всушност се породив, ама детето не преживеа. Најстрашно беше кога ми донесоа да потпишам умреница – раскажа Сузана.

Водителката откри дека со години наназад била во состојба од страв и шок.

– Тоа за мене беше нешто непоимливо, јас која отсекогаш сум била здрава, млада жена, да изгубам дете првпат, вторпат, а потоа и третпат.“

Инаку, најпопуларната лото-девојка е мајка на две ќерки Теодора и Наталија Куниќ, кои ги доби од бракот со пејачот Небојша Куниќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top