| четврток, 6 декември 2018 |

Промена на времето: Температурите ќе паднат за осум степени викендов

Намалување на температурите, повремени врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните делови, а на планините снег, најавуваат метеоролозите за претстојниот викенд.

Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието и на исток каде на моменти ќе достигнува брзина и над 70 километри на час. Дневната температура ќе опадне за околу осум степени.

Минималната температура ќе биде два, а максималната 16 степени.

Во Скопје температурата ќе се спушти до осум, а максималната ќе достигне 13 степени.

В недела преку ден ќе биде суво и малку потопло, а кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува значително заладување, со засилен ветер и локални врнежи од дожд, а снег на планините.

Минималните температури ќе се движат од минус три до шест, а максималните од 12 до 19.

Од вторник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата.

За следната недела најниската темература се прогнозира за в среда, кога таа ќе се спушти до минус шест степени, а највисоката в четврток до 18 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top