Македонците во Република Албанија во село Горно Крчиште – Маќелара, Албанија, денеска го одбележаа големиот Христиjански празник Спасовден кај црквата Св.Спас која датира од 13 век.
На петата прослава по ред за празникот Свети Спас присуствуваа Македонци со потекло од Горно Крчиште кои што живат во Тирана, Драч и од Македонија од Скопје, Кичево и од Тетово. Меѓу присутните беа и претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај заедно со делегација од друштвото.
Театарот ” Скрб и Утеха” од Скопје во рамките на одбележувањето на 25-годишнината од своето возобновување, на прославата изведе делови од претставите „Посланија“ и „Будење на ангелите“.
Оваа значајна средба за Македонците во Албанија е документирана со видео запис од филмската продукција „Дион“ и Македонско друштво “Илинден”-Тирана, а документарниот филм се очекува да биде промовиран наскоро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!


