Општина Гази Баба со својата транспарентност и визибилност кон деловниот сектор, е една од ретките општини во Република Македонија која има добиено сертификат за Бизнис Пријателска Општина, со што се отвораат можности за голем број на странски инверстиции. Една од тие инвестиции која деновиве се најави во општината, е инвестицијата од Компанијата „Скопје Ист Гејт“, која на празниот простор кај Скопскиот саем планира да изгради повеќенаменски комплекс со најголем трговски центар во Македонија, станбен комплекс и канцелариски парк, на земјиште со површина од 155.000 м2, пишува кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и колаицијата за општина Гази Баба, Тони Трајковски на својот Фејсбук профил.
– Вкупната инвестиција во период од 5 -7 години се планира да изнесува повеќе од 300 милиони евра, со што ќе се отворат над 1000 нови работни места, информира тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трајковски: Градба на училиште, спортска сала, набавка на комунални возила, проширување на улици во Хиподром
-
Трајковски со докази го замолкна Георгиевски: Ветуваш проекти кои се реализирани
-
Трајковски: Граѓаните ќе ги казнат СДСМ поради притисоците, заканите и уцените од првиот круг
-
Тони Трајковски: Комплетна реконструкција на улиците, поддршка на младите и ревитализација на паркот (видео)