| четврток, 6 декември 2018 |

Борба на титаните во финалето

Hungary's Adam Steinmetz challenges Serbia's Vanja Udovicic during their men's preliminary round Group B water polo match at the Water Polo Arena during the London 2012 Olympic Games

Во финалето на светската лига во ватерполо се пласираа вечните ривали Србија и Унгарија.

„Делфините“ во полуфналето ја совладаа репрезентацијата на Црна Гора со резултат 8-6.

На полувремето се отиде со нерешен резултат 4-4.  Во третиот и четвртиот дел Србија победи со 2-1 и успеа по тешка и исцрпувачка битка заслужено да се надева на освојување на уште еден трофеј во богатата ризница на трофеи на оваа земја.

Со идентичен резултат 8-6 Унгарија ги победи Соединетите американски држави.

Унгарците одлично го отворија резултатот и по првите два дела заминаа на одмор со два гола разлика 4-2. Во третиот и четрвтиот дел рутинирано ја одржуваа предноста за конечни 8-6.

Утрешното финале ќе биде вистинска борба во базенот за завршување на тешката сезона за играчите на двете селекции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top