Во финалето на светската лига во ватерполо се пласираа вечните ривали Србија и Унгарија.
„Делфините“ во полуфналето ја совладаа репрезентацијата на Црна Гора со резултат 8-6.
На полувремето се отиде со нерешен резултат 4-4. Во третиот и четвртиот дел Србија победи со 2-1 и успеа по тешка и исцрпувачка битка заслужено да се надева на освојување на уште еден трофеј во богатата ризница на трофеи на оваа земја.
Со идентичен резултат 8-6 Унгарија ги победи Соединетите американски држави.
Унгарците одлично го отворија резултатот и по првите два дела заминаа на одмор со два гола разлика 4-2. Во третиот и четрвтиот дел рутинирано ја одржуваа предноста за конечни 8-6.
Утрешното финале ќе биде вистинска борба во базенот за завршување на тешката сезона за играчите на двете селекции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)



