Светлана Цеца Ражнатовиќ пред 13 години го сними својот голем хит, песната “Нечу дуго”, која многу брзо стана лична карта на сите жени. Денес по повеќе од една деценија, фолк ѕвездата открива зошто оваа балада никогаш не ја пее и на кого всушност е посветена.
Иако многумина се уверени дека баладата е посветена на маж кој оставил голема трага во животот и срцето на пејачката, вистината е сосема поразлична. Всушност, таа баладата ја има посветено на нејзините деца, Анастасија и Вељко.
Тоа е песна која Марина Туцаковиќ ја напиша за мене, а јас ја посветив на своите деца, но никогаш не сум ја пеела освен на ЦД. Публиката на концертите сака да слушне брзи песни, па затоа оваа никогаш ја немам испеено – изјавила Цеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.