„Подем на гревот“ на македонскиот дизајнер Андреј Папаз Ѓоргиевски го отвори шеснаесеттиот Моден викенд Скопје , под мотото на сезоната #Stopthetraffik.
Вкупно четири ревии се одржаа на првиот ден од Моден викенд Скопје чие издание есенско издание се одржува во „Скопје Мериот Хотел“.
– Централното место во колекцијата ја зазема приказната за Содома и Гомора, два библиски града, синоними за грев, блуд и разврат. Колекцијата „Подем на гревот“, сугерира со нагласена сексапилност, инспирирана од човековата сексуалност и хедонизам. Силуетата во исто време e провокативна и елегантна, употребени се повеќе видови на еко кожа, свилен жоржет, штоф и чоја. Земајќи предвид каде се смета дека Содомa и Гомора се наоѓале териториски, деталите се преземени од традиционалната облека од Блискиот Исток – вели Ѓоргиевски за својата колекција.
Публиката ја виде и најновата колекција на „Sigma Jewelry“ инспирирана од богатата традиција, засилена со тонови на розево и бело злато, а истовремено проткаена со модерен изглед, кој ги отвара сетилата на секоја жена. И оваа сезона ни претставуваат уникатни парчиња накит кои симболизираат среќа, женственост и елеганција во хармонија со перфектна изработка и особено внимание на сите вградени детали.
За колекцијата „Маршот на боговите“ која ја прикажа Викторија Арсовска, вели дека е „презентирана женственост и сексапил преку кроевите инспирирани од машки униформи и преку машката грубост на посебно избрани материјали . Корсети подзатскриени со капути и елеци од чоја и кожа, свилени фустани во комбинација со кожни ремени и метални копчиња, додека лелеавоста на истите се противи на крутиот штоф. “
Со колекцијата наречена „Art deco“ на „Ателје Коцарева“ заврши првата модна вечер. „Колекцијата “Art deco” е женствена, деликатна и раскошна затоа што раскажува приказна за токму таква, безвременска жена изразена преку софистицирана, гламурозна а смела визија. Секое парче е индивидуализирано, изработено од уникатни материјали (природни пердуви, рачни везови) и на посебен начи го осликува совршениот стил на 20-тите години.“, вели Моника Коцарева.
За време на Моден викенд Скопје во изложбениот простор ќе може да се види и колекцијата на „DIAS shoes and bags“, бренд кој се занимава со производство на ексклузивни кожни чевли и чанти и други аксесоари од кожа. „Ottimo handmade“ и оваа сезона ќе ги изложат уникатните пеперутка вратоврски. Генерален покровител и официјална вода на настанот е „Пелистерка“. Официјално возило оваа сезона е „LEXUS.EXPERIENCE AMAIZING“. Официјален партнер за фризурите на моделите се „LAKME“ во соработка со „Студио Лили“. Официјален мејкап партнер „Shiseido“ во соработка со „Мое студио-Дадар“. Официјален парфем на сезоната – C-THRU. Моделите оваа сезона ќе ги носат чевлите од „Paolo Bocelli“. Партнер во грижата за здравјето „Merz Spezial Dragees“. Партнер на Моден викенд Скопје и омилениот гостин во сите семејства „Podravka“. Официјалното вино на сезоната доаѓа од „Vizba Valandovo Winery“.
фото: Ани и Дими
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.