Интернетот беше поплавен со шпекулациите дека Тони Блер е виновникот за разводот на милијардерот Руперт Мардок и неговата трета по ред сопруга, поради наводната романтична врска на поранешниот премиер и 44-годишната Венди Денг, со која е близок пријател.
Поранешниот премиер на Обединетото кралство, беше принуден и ги демантира овие гласини кои вчера молскавично брзо се проширија на интернет, а на Твитер ги започна бизнис уредникот на БиБиСи, Роберт Пестон, кој наводно имал блиски извори во „Њуз корпорејшн“ на Мердок.
87 – годишниот тајкун пред 3 дена поднесе барање за развод од 38 години помладата Венди Денг, по 14 години брак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.