Турција пушти во масовно производство „дронови камикази“, производ на локалната одбранбена индустрија, проектирани да се удрат во цел при што се детонира боева глава.
Турција пушти во масовно производство „дронови камикази“, производ на локалната одбранбена индустрија, проектирани да се удрат во цел при што се детонира боева глава.
Ова за турските медиуми го соопштил Исмаил Демир, заменик-началник на Секретаријатот за одбрабена индустрија на Турција.
Се очекува овие дронови да бидат широко употребувани во антитерористички операции. Со нив може да управува само еден војник.
Дроновите имат три модели – Алпагу и Каргу кои спаѓаат во таканаречени дронови камикази, и Тоган наменет за разузнавачки цели.
Првиот дрон од турско производство Бајрактар ТВ2 од септември минатата година игра важна улога во антитерористички операции, потсетуваат турските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.